Движења со рака за „Swype“ |
Движењата со рака за „Swype“ се кратенки на тастатурата за брзо исполнување на вообичаени задачи.
Оваа функција не е достапна кога услугата Explore-by-Touch за пристап во системот е вклучена.
За да стигнете до тастатурата за уредување, поминете со Swype од до копчето Симболи (?123) на тастатурата.
За да стигнете брзо до нумеричката тастатура, поминете со Swype од до број 5.
За лесно криење на тастатурата, само употребете го методот „Swype“ од копчето „Swype“ до копчето за бришење наназад.
Откажете го автоматското вметнување празно место пред следниот збор со поминување со прстот од копчето за празно место до копчето за бришење наназад.
Сменете го зборот во мали или големи букви откако ќе го внесете со тоа што ќе го потчукнете, а потоа ќе поминете со Swype од до тастерот Помести
. Ќе се појави список со избор на зборови со опции за ставање големи букви, па ќе можете да изберете мали букви, Голема буква или Сите големи букви.
Едноставен начин да се стави интерпункција е да се помине со Swype од прашалникот, запирката, точката или друг интерпункциски знак, до копчето за растојание, наместо да го потчукнете.
Google Maps: Поминете со Swype од до „g“, потоа „m“